Ракометарите на Вардар на најдобар можен начин ја вратија шампионската титула во Скопје, прегазувајќи го Еурофарм Пелистер со 34:19.
По овој триумф Вардар сега има 56 бодови и на три кола до крајот на првенството и официјално го освои шампионскиот пехар, бидејќи второпласираниот Охрид има 48 бодови.
Најефикасни во вардариот тим беа Митровиќ со осум голови и Малус со шест погодоци. Кај Пелистер, Кузмановски и Радивојевиќ постигнаа по пет гола.

