Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Лазаров: „Треба да бидеме внимателни и максимално фокусирани на двата натпревари“
    Ракомет

    Лазаров: „Треба да бидеме внимателни и максимално фокусирани на двата натпревари“

    risteBy riste10/05/2026No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Селекторот на нашата ракометна репрезрентација Кирил Лазаров денеска го имаше првиот собир со кој започнуваат со подготовки за двомечот со Словачка кој треба да ја однесе нашата репрезентацоија на завршницата на уште едно Светско првенство, овој пат во Германија на почетокот на 2027 година..

    Поради добриот настап на последниот голем турнир, Македонија ја прескокна првата бараж фаза и беше поставен како фаворит од првиот шешир, па нашиот репрезентативен тим за противник во финалниот бараж ја доби селекцијата на Словачка.

    Во наредната недела ќе следи двомечот меѓу Македонија и Словачка за пласман на ракометниот мундијал, а прва најава за тоа што следи даде и селекторот Лазаров.

    „Играме бараж за Светско првенство, како стручен штаб имаме искуство од вакви натпревари, а истото важи и за дел од играчите. Ова се одлучувачки натпревари и секогаш е тешко без разлика на противникот. Се игра под голем притисокот поради големиот влог, а тоа е пласман на ракометен мундијал. Ја почитуваме Словачка, тие функционираат заедно повеќе години и имаат селектор кој доаѓа од земја која ги дава најдобрите тренери ,Шпанија. Имаат изграден систем, немаат некои поединци за истакнување, но функционираат одлично како тим. Треба да ја научиме лекцијата од минатиот бараж за СП со Фарски Острови, поготово за изданието на гостински терен. Секој гол е важен, треба да бидеме максимално одговорни и дисциплинирани. Мора да имаме добар ритам и концентрација во текот на сите 60 минути. Ќе се игра во Прешов, град кој е познат по неверојатна атмосфера. Како што ние гледаме свои шанси, истото важи и за нив. Сигурно мислат дека го добија најпосакуваниот противник од првиот шешир. Ние одбравме млад тим, имаме 20 играчи, но верувам воо вој тим. Можеби ни недостасува малку искуство, но тоа ќе го надополниме со борба и ентузијазам. Националниот дрес е светост, прва задача ни е мечот во Прешов каде очекувам цврст и физички натпревар, а потоа очекувам полна сала во Скопје“, – изјави Лазаров.

    Првиот меч е на програмата на 14 мај од 19:00 часот во „Татран Арена“ во Прешов, додека реваншот е закажан за 17 мај од 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.