Ѕвездениот центар на кошаркарскиот состав Филаделфија, Џоел Ембид, се реши да проговори за наредната НБА сезона. Тој не знае со каков квалитет ќе располага тимот и кој ќе заврши во составот на Сиксерси.
„Не знам дали ќе бидам тука. Што и да се случи“ – рече центарот.
Кошаркарот ќе добие загарантирани 58 милиони долари за наредниот шампионат а неговиот договор е валиден до сезоната 2028/29.

