Главниот тренер на кошаркарите на Голден Стејт Вориорс, Стив Кер, верува дека неутралните навивачи брзо се заморуваат од тоа што истиот тим победува.
„Како навивач, кога истиот тим е премногу доминантен, сакате да видите сензација. Бевме фаворити во 2015 и 2016 година, но, мислам дека просечниот навивач тогаш ги имаше симпатиите за враќањето на Леброн“ – рече Кер.
„Никогаш не го сфатив тоа лично. И јас сум таков. Ако некој тим почне да доминира во кој било друг спорт, ќе навивам за изненадување“ – рече Кер.

