Македонската ракометна репрезентација денеска заминува за Прешов, Словачка каде утревечер ќе го одигра првиот натпревар од свомечот со селекцијата на Словачка за пласман на СП во Германија 2027 година.
Селекторот Кирил Лазаров со своите 20 избраници ќе се обиде да оствари поволен резултат на гостувањето во Препов за да си ја олеснат задачата на реваншот кој треба да го играат в недела во Скопје.
Утре натпреварот се игра во „Татран Арена“ со почеток во 19 часот, а реваншот е на 17 мај недела исто така од 19 часот во СЦ Борис Трајковски.

