По освоената титула во домашното ракометно првенство, Иван Чупиќ ќе го продолжи договорот со Вардар на уште една година. Како што потврди првиот човек на шампионот, Михајло Михајловски, во гостувањето на Спортското радио 90.3 фм, со Чупиќ е договорено продолжување на соработната на уште една сезона.
„Имав состанок со Чупиќ и разговаравме за ново продолжување на договорот. Тој дојде во Вардар со двегодишен договор, а сега ќе ја продолжиме соработката за уште една година“, потврди во интервјуто Михајловски.
Иван Чупиќ во првата година по враќањето во дресот на Вардар ја освои двојната круна на домашната сцена и го однесе Вардар до четвртфиналето на ЕХФ Европската лига.

