Македонските ракометари супериорно обезбедија место на Светското во Германија во 2027 година откако на домашен терен ја прегазија Словачка со 38:23.
Во преполниот – СЦ Борис Трајковски, избраниците на Кире Лазаров доминираа од првата до последната минута и со двоцифрена предност го завршија мечот. Тоа само ја покажува разликата меѓу двете земји која беше евидентна и на првата средба во Прешов кога славевме со 31:24.
Нашите ракометари сега ќе ги очекува и десеттиот настап на Мундијалите.

