Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Договор е постигнат: Ќе се формираат ракометни регионални лиги во машка и женска конкуренција
    Ракомет

    Договор е постигнат: Ќе се формираат ракометни регионални лиги во машка и женска конкуренција

    risteBy riste20/05/2026No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Денеска во Подгорица беше направен значаен исчекор за иднината на регионалниот ракомет со потпишувањето на Договорот за формирање на регионални лиги во машка и женска конкуренција. Договорот го потпишаа ракометните федерации на Црна Гора, Србија и Македонија, потврдувајќи ја заедничката определба кон зајакнување на квалитетот на натпреварувањето, развојот на играчите и унапредување на севкупниот ракометен амбиент во регионот.

    Регионалната машка лига ќе брои десет клубови — по четири од Србија и Македонија, како и два од Црна Гора — додека регионалната женска лига ќе има десет клубови од пет земји од регионот: Црна Гора, Србија, Македонија, Хрватска и Словенија, со по два претставници од секоја држава.

    Овој проект претставува важен чекор кон создавање поквалитетен и поконкурентен натпреварувачки систем, кој на клубовите ќе им овозможи поголем број силни натпревари, дополнителен развој на младите играчи и тренери, поголема медиумска видливост, како и посилен комерцијален потенцијал за ракометот во целиот регион.

    Посебна вредност на овој проект му дава фактот што станува збор за заедничка иницијатива на федерациите и клубовите, заснована на партнерски однос, меѓусебна доверба и заедничка визија за развој на ракометот во Југоисточна Европа.

    Потписниците на Договорот изразија уверување дека регионалните лиги уште од првите сезони ќе донесат нов квалитет, дополнителна атрактивност за навивачите и спонзорите, но и ќе претставуваат силен поттик за понатамошен развој на ракометот во сите земји учеснички.

    Во наредниот период ќе биде формирана заедничка канцеларија на лигите, ќе бидат дефинирани сите натпреварувачки и организациски модели, како и календарот за почеток на натпреварувањата.

    Денешниот ден претставува почеток на едно ново и амбициозно поглавје во регионалниот ракомет, со јасна цел — создавање модерно, стабилно и квалитетно регионално натпреварување кое ќе биде гордост за сите учесници и за целиот европски ракомет.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.