Екипата на Сан Антонио веројатно ќе биде ослабена за третиот меч со Оклахома во финалето на Западната конференција во НБА лигата.
Имено, играчите на надворешните позиции, Арон Фокс и Дилан Харпер, остануваат на списокот на повредени кај „Спарси“. Првиот има истекнување на глуждот додека вториот се соочува со болки во коленото.
Фокс сè уште не играл во серијата против Тандер а Харпер се повреди во вториот натпревар. Резултатот е нерешен 1-1.

