Тален Хортон-Такер очекува да има добар настап во дресот на Фенер на завршниот Фајнал-фор во кошаркарската Евро-лигата кој денеска ќе започне во Атина.
„Би било одлично да го освојам пехарот во мојата прва сезона и да ги соберам сите можни достигнувања. Но, главна работа е победата. Ако можам да го направам тоа, ќе биде добар почеток на мојата кариера тука.“ – рече Такер.
Турскиот тим денеска од 17.00 часот ќе игра против грчкиот состав Олимпијакос во првото полуфинале. Во второто ќе се сретнат Реал Мадрид и Валенсија.

