Екипата на ГРК Охрид се враќа со гол-предност од тешкото гостување кај Татабања во првиот финален меч од ЕХФ Европскиот куп. Охриѓани успеаја да дојдат до победа откако одиграа еден извонреден натпревар, во кој уште во првото полувреме покажаа дека се одлично мотивирани и направија висока предност од пет гола (18:23).
Сепак, во вториот дел, особено во финишот, ГРК Охрид не успеа да ја зачува свежината, домашните се вратија во игра, па дури и успеаја да поведат, 28-27. Потоа, Иванковиќ реализира за 28-28, а по одбрана на Пилиповиќ, Ѓукиќ погоди за водство на ГРК Охрид на три секунди пред крајот што беше доволно за победа.
Реваншот следната недела во „Билјанини Извори“ ќе биде голема шанса за Охрид за историски европски трофеј.

