Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром славеа и во третиот финален натпревар од плеј-офот против предизвикувачот Маџари и со тоа дојдоа до нова шампионска титула на домашната сцена. Аеродромци ја одбранија титулата, откако со максимални 3-0 ја добија финалната серија против дебитантот Маџари.
Вечерва на третиот финален меч МЗТ Скопје А. славеше со 74-80 и успеа да ја оствари целта – 13-та титула во домашниот шампионат, и трофеи во Купот на Македонија и Супер-Купот.
Војдан Стојановски со 17 поени беше лидер кај новиот (стар) шампион, додека Хот постигна 20 поени со 18 скока кај екипата на Маџари.

