Џамал Мозли кој ќе седи на кормилото на Њу Орлеанс во наредната сезона во НБА лигата, се насочи кон младиот кошаркар, Зајон Вилијамсон.
„Тој сè уште не почнал да го достигнува целосниот потенцијал. Сигурен сум во тоа. Мислам дека ќе се обидеме да му отвориме простор, да напаѓа, да работи во различни улоги, бидејќи тој е кошаркар со висок коефициент на интелигенција“ – рече Мозли.
„Ќе работиме напорно секој ден за да ги направиме нашите играчи најдобри што можат да бидат“ – нагласи тренерот на „Пеликаните“.

