Комесарот на НБА, Адам Силвер, откри дека лигата планира да започне да користи вештачка интелигенција за да донесува одлуки за шутевите надвор од теренот.
„Во врска со видео повторувањата, наскоро ќе преминеме на систем сличен на „Хок-Ај“ во тенисот, каде што целата оваа категорија на одлуки ќе биде автоматизирана“ – рече Силвер.
„Дали Лејкерси, Никс или Тандер ќе ја добијат топката, ќе одлучи автоматизиран систем базиран на вештачка интелигенција со камери поставени низ теренот. Тоа ќе ги елиминира сите таканаречени објективни одлуки на судијата“ – изјави претседателот на НБА.

