Центарот на Сан Антонио Спарс, Виктор Вембањама, во јули ќе има право да потпише договор за пет сезони за вкупни 251 милион долари.
Сумата може да порасне до 301 милион доколку центарот биде именуван во Ол-НБА тимот, ја добие наградата (MVP) или ја освои титулата во наредната сезона.
Тој во сезонава во плеј-оф натпреварите има просек од 23,2 поени, 10,8 скока и 3,5 блокади по натпревар.

