Кошаркарската Евролига на 26 јуни ќе треба да го утврди списокот на екипи што ќе бидат дел од наредниот шампионат.
Познато е дека во игра се две вајлд-карта за сезоната 2026/27. Се очекува екипата на Париз да ја добие едната додека Монако и Бешикташ конкурираат за втората. Ситуацијата со тимот од Кнежевството е компликувана поради неизвесниот статус на клубот и несигурната финансиска состојба.
Од друга страна, турскиот состав е стабилен од секој аспект и реално има поголеми шанси да заигра во Евролигата.

