Кошаркарите на Њујорк по пауза од 53 години ја освоија шампионската титула во НБА- лигата откако во финалната серија го совлада Сан Антонио со 4-1.
Во текот на ноќта Никси победија на гостински терен во Тексас со 94:90 и стигнаа до третата титула во историјата. Најзаслужен за тоа беше Џејлен Брансон кој постигна 45 поени и беше избран за МВП во финалето.
Тој воедно го изедначи рекорд на Мајл Џордан од 1998 година. Двајцата се рекордери по бројот на постигнати поени на еден гостински меч во финалето во НБА-лигата.

