Денеска со ждрепка се одредени двојките за новата сезона во домашната ракометна Суперлига. Уште во првото коло ќе имаме едно големо дерби меѓу освојувачот на ЕХФ Европскиот Куп, ГРК Охрид и вицешампионот Еурофарм Пелистер.
Шампионот Вардар сезоната ќе ја отвори на домашен терен против Еурофарм Пелистер 2, додека Алкалоид ќе биде домаќин на Мулти Есенс.
Прво коло Суперлига:
Бутел Скопје – Младост Богданци
Пролет – Тиквеш
Прилеп – Куманово
Охрид – Еурофарм Пелистер
Вардар – Еурофарм Пелистер 2
Алкалоид – Мулти Есенс
Првото коло од новата сезона во Суперлигата треба да се одигра за време на првиот викенд во септември.

