Кошаркарот на Денвер, Јонас Валанчиунас, може да го напушти НБА тимот и да се врати во Европа.
Според одредени информации, литванскиот центар би можел да потпише двегодишен договор со Жалгирис.
Играчот сега ќе чека дозвола од Денвер да ја промени средината. Кошаркарот има договор со Нагетси до 8 јули годинава.

