Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Јакимовски ја донесе одлуката околку својата иднина.
Еден од најдобрите македонски кошаркари во моментов се одлучи кариерата да ја продолжи во Италија и тоа во екипата на Наполи.
Самиот клуб веќе го потврди договорот со 25-годишниот македонски кошаркар. Јакимовски доаѓа во Наполи од друг италијански тим – Тренто каде ја помина минатата сезона која беше негова прва во сениорска кошарка во Европа.

Пред официјалното потврдување на Јакимовски од страна на Наполи беа донесени Марко Спису и Зек Спејас.
Андреј Јакимовски повторно ќе може да игра во Еврокупот, овојпат со екипата на Наполи, а тоа е натпреварување каде имаше одличен настап во дресот на Тренто.

