Македонскиот ракометен шампион Вардар се најде во последниот, четврти шешир, пред ждрепката за групната фаза во Лигата на шампионите.
Според правилата, два клуба од иста држава нема да може да играат во иста група, а со оглед на тоа што сега има ситуација кај мажите каде има три тимови од иста држава, повеќе од два не може да се најдат во иста половина од ждрепката, односно најмногу два од иста држава во дел А, Б и Ц групите, и најмногу два во групите Д, Е и Ф.
Вардар е во ист шешир со данскиот тим Архус, словенечкиот Целје, српскиот Партизан, швајцарскиот Криенс Луцерн и шведскиот Кристијанштад, па нема да може да добие некој од овие противници.
Секако дека реално е да очекуваме Вардар да добие во група екипа од Франција и Германија.
Еве како се распоредени шеширите пред ждребката за Лига на шампиони (мажи) за сезоната 2026/27:
шешир 1: Алборг, Барса, Нант, Магдебург, Веспрем, Спортинг Лисабон
шешир 2: Монпелје, ПСЖ, Фуксе Берлин, Мелсунген, ПИК Сегед, Келце
шешир 3: Загреб, Колстад, ГОГ Гудме, Висла Плоцк, Порто, Динамо Букурешт
шешир 4: Вардар, Архус, Целје, Партизан, Луцерн, Кристијанштад
Кои екипи ќе му бидат противници на Вардар ќе дознаеме по ждребката која ќе се одржи утре од 11:00 часот во Виена.


