Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»Познати можните ривали на Македонија во следниот круг од претквалификациите
    Кошарка

    Познати можните ривали на Македонија во следниот круг од претквалификациите

    dinoBy dino07/07/2026No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Со максимален ефект од шест победи во исто толку натпревари, сениорската репрезентација на Македонија на убедлив начин ја заврши првата рунда од претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029 и како првопласирана во групата „А“ обезбеди место во следната фаза од квалификацискиот циклус.

    По комплетирањето на натпреварите од првата рунда, познати се четирите национални селекции кои директно изборија пласман во втората рунда од претквалификациите. Покрај Македонија, таму се и репрезентациите на Словачка, Бугарија и Норвешка.

    Останатите шест селекции кои настапуваа во првата рунда ќе имаат можност да го продолжат квалификацискиот пат преку третата рунда од претквалификациите, која ќе се игра по завршувањето на вториот круг.

    Во втората рунда ќе учествуваат вкупно 12 репрезентации, распределени во четири групи од по три селекции. На четирите победници од првата рунда ќе им се приклучат и осумте национални тимови кои квалификациите за Светскиот куп 2027 ќе ги завршат на четвртото место во своите групи.

    Со завршувањето на квалификациите за Светскиот куп 2027, познат е и кругот на можни противници на Македонија во претстојната ждрепка. Нашата репрезентација ќе може да се најде во група со Данска, Романија, Швајцарија, Велика Британија, Кипар, Белгија, Австрија и Чешка.

    Ждрепката за формирање на четирите групи од втората рунда на претквалификациите за Евробаскетот 2029 ќе се одржи на 15 јули, по што ќе биде познат и распоредот на натпреварите во новата фаза од квалификацискиот циклус.

    УЧЕСНИЦИ ВО ВТОРА РУНДА – ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ 2029

    МАКЕДОНИЈА

    Словачка

    Бугарија

    Норвешка

    Данска

    Романија

    Швајцарија

    Велика Британија

    Кипар

    Белгија

    Австрија

    Чешка

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Ефремовски со апел пред вечното дерби: Заедно сме посилни!

    15/11/2026

    Кари ќе мора да паузира две недели

    13/11/2026

    Александар Петровиќ нов тренер на КК Скопје

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.