26-годишниот американски бек Брендан Адамс (193 см) може да ја продолжи кариерата во руската лига. Toj наводно преговара со екипата на УНИКС Казан.
Кошаркарот играше две сезони во ВТБ лигата за Самара и Парма. Минатата сезона имаше просек од 15,1 поен, 5,8 асистенции, 2,8 скока и 1,1 украдена топка, шутирајќи 49,6% од дистанца за два поени, 36,6% од дистанца за три поени и 84,6% од слободни фрлања.
Адамс играше на Ол-стар натпреварот во тамошната лига.

