Екипата на Пролет соопшти дека се повлекува од Супер-лигата откако остана без главниот спонзор.
– Почитувани пријатели на ракометот, навивачи, партнери и спортска јавност, Ракометниот клуб Пролет 62 ја известува јавноста дека, поради завршувањето на договорот со нашиот долгогодишен и ценет генерален спонзор, донесовме тешка, но одговорна одлука да се повлечеме од натпреварувањето во Супер лигата за претстојната сезона“ – стои во објавата.
-Пролет 62 останува посветен на развојот на младите ракометари и продолжување на традицијата која клубот ја гради 64 години. Клубот ќе продолжи да се натпреварува во Првата лига“- објави РК Пролет.

