Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»Арис нема да прави проблеми, Македонија со Димитријевиќ против Австрија
    Кошарка

    Арис нема да прави проблеми, Македонија со Димитријевиќ против Австрија

    sasoBy saso31/07/2026No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Кошаркарската федерација на Македонија со особено задоволство ја поздравува официјалната одлука на КК Арис од Солун, со која клубот потврдува дека нема никакви пречки Ненад Димитријевиќ да биде на располагање на македонската репрезентација од 16 август 2026 година и му посакува успех на нашиот национален тим.

    Оваа порака претставува значаен гест на спортска коректност и почит кон националните селекции, за што искрено му благодариме на раководството на Арис.

    Со ваквиот став на клубот, практично се отстранети сите евентуални дилеми околу клупските обврски на Ненад Димитријевиќ.

    Тоа е охрабрувачка вест за македонската кошарка и за сите љубители на спортот кои посакуваат нашата репрезентација да настапи во својот најсилен состав.

    Сега вниманието природно се насочува кон претстојниот список на селекторот и кон одлуката на Ненад Димитријевиќ. Искрено веруваме дека тој ќе го прифати повикот и повторно ќе го облече дресот со државниот грб, затоа што секој настап за Македонија е повеќе од спортски предизвик – тоа е чест, гордост и привилегија.

    На крајот на август нашата репрезентација ја очекува исклучително важен натпревар на гостински терен против Австрија, со кој започнува новиот претквалификациски циклус. Во вакви моменти, единството и присуството на најдобрите македонски кошаркари имаат огромно значење.

    Кошаркарската федерација на Македонија останува посветена на создавање позитивна атмосфера околу националниот тим и верува дека сите наши репрезентативци, без разлика каде настапуваат, ја чувствуваат истата одговорност и љубов кон државниот дрес.

    Македонската јавност секогаш знаела да ги препознае и да ги цени оние кои со срце ја претставуваат својата татковина.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Ефремовски со апел пред вечното дерби: Заедно сме посилни!

    15/11/2026

    Кари ќе мора да паузира две недели

    13/11/2026

    Александар Петровиќ нов тренер на КК Скопје

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.