Кошаркарот, Димитрије Николиќ, е ново име во редовите на МЗТ Скопје. Станува збор за центар од Србија кој кариерата ја започнал во Раднички Крагуевац по што четири сезони настапуваше во белградски Партизан.
Играчот кој е висок 211 сантиметри настапувал и за Слога Краљево, Слобода Ужице, ФМП и Златибор.
28-годишникот првото интернационално искуство го имаше во Крајова во Романија. Таму играше и за Брашов а беше дел и од литванскиот Невезис.

