Лони Вокер потпиша едногодишен договор од 3,3 милиони долари со НБА тимот, Денвер Нагетс, тврдат медиумите во САД.
27-годишниот кошаркар се враќа во најсилната светска конкуренција по една сезона помината во израелскиот Макаби Тел Авив. Бекот пред да дојде на Стариот континент играше за Филаделфија, Бруклин, Лејкерси и Сан Антонио.
Во сезоната 2024-25, Вокер одигра 20 натпревари за Сиксерси, постигнувајќи просек од 12,4 поени, 3,2 скока и 2,5 асистенции.

