Од 12 до 15 август, на отвореното игралиште „Горан Попоски – Бабец“, ќе се одржи 54. издание на традиционалниот струшки турнир кој го носи името – „Вангел Баљукоски – Баљук“, во чест на поранешниот ракометар на Струга.
Денеска на официјалната промоција пред новинарите проговорија, Спортскиот директор на екипата и претседателот на организацискиот одбор на Струшкиот турнир, Милчо Чакарески, Генералниот секретар на РФМ, Влатко Тасевски, Министерот за спорт, Борко Ристовски и новиот капитен на Струга, Марио Танкоски
На турнирот Во Струга ќе играат шест екипи – покрај домаќинот, тука се актуелниот освојувач на трофејот, Охрид, како и Вардар, Дубочица Лесковац, Бутел Скопје и Прилеп.

