Неколку екипи од Стариот континент – Олимпијакос , Валенсија и Басконија, имаат намера да дојдат до потписот на Трендон Вотфорд, објавија дел од медиумите.
25-годишниот играч има желба да ја продолжи неговата кариера во НБА но, може да ги разгледа и другите опции.
Тој стана слободен агент откако Филаделфија ја одби опцијата за префрлање во втората година од неговиот договор. Вотфорд има настапувано за Портланд, Бруклин и Филаделфија.

