Кошаркарот на Филаделфија, Тајрис Макси, откри како се обидел да го убеди Леброн Џејмс да му се приклучи на неговиот тим.
Тој му испратил порака на Џејмс на шега, поканувајќи го да дојде во Филаделфија еден ден. Подоцна работата се покажа сериозна.
„Му пишав: „Дојди. Мислам дека имаме добри шанси. Мислам дека можеш да ни помогнеш. Ти си веројатно најголемиот играч во историјата. Му кажав сè што мислев и разговарав со него барем три или четири пати“ – сподели Макси.

