Вардар и Војводина со денешната пресметка во СЦ Билјанини Извори“ во Охрид од 17.00 часот, ќе ја отворат премиерната сезона во новоформираната Регионална ракометна лига.
Во истата ќе настапуваат 10 екипи од Македонија, Србија и Црна Гора. Првиот натпревар меѓу „црвено-црните“ и српскиот состав всушност е меч од 8.коло во Б групата во која се уште и Охрид, Динамо Панчево и Будва.
Во групата А ќе настапуваат: Еурофарм Пелистер, Алкалоид, Партизан, Ловќен и Дубочица.

