Младиот кошаркар на Далас, Купер Флег, зборуваше за неговите летни тренинзи со ветеранот, Кајри Ирвинг, кој по пауза од една сезона се врати под обрачите во НБА лигата.
„Одлично е што имам можност да тренирам со Кајри кој е повторно здрав. Кајри е очигледно еден од најдобрите играчи на сите времиња. Затоа е одлично што можам да го делам теренот со него, да учам од него и да се натпреварувам“ – истакна играчот на Далас.
Флег и Ирвинг не играле заедно бидејќи ветеранот ја пропушти целата сезона 2025-26, опоравувајќи се од скинати предни вкрстени лигаменти.

