Нашите најдобри кошаркари ги одработуваат подготовките за мечот со Австрија на 30 август во Виена на стартот на претквалификациска фаза за Европското првенство.
Повратникот во националниот тим, Ненад Димитријевиќ, верува дека можеме да дојдеме до позитивен резултат.
„За селекцијата на Австрија знаеме дека е сериозна екипа која игра ‘ран ен ган’ кошарка. Мислам дека е непријатен ривал но, наша цел е настап на Европското првенство. За мене тоа ќе биде последна шанса да играм на еден евро-шампионат со Македонија“ -вели Димитријевиќ.

