Кошаркарот на Портланд, Шедон Шарп, има скинат менискус на коленото и се очекува да отсуствува околу шест месеци, објави новинарот, Шамс Чаранија.
23-годишникот во претходната сезона одигра 51 натпревар во регуларниот дел и постави рекорд во кариерата со просек од 20,7 поени по натпревар.
Тој исто така забележа 4,3 скока и 2,6 асистенции за просечно 29,4 минути поминати на теренот.

