Кошаркарот на Портланд, Јанг Хансен, се осврна на коментарите дека наликува на Никола Јокиќ кој е еден од најдобрите центри во НБА конкуренцијата.
„Прво, Јокиќ е мојот идол. Многу го почитувам и навистина ми се допаѓа начинот на кој игра“ – вели Хансен.
„Мислам дека токму тоа навивачите сакаат да го видат од мене. Затоа ќе продолжам да работам напорно“ – рече 21-годишниот играч на Портланд.

