Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»Ефремовски: Победата над Австрија е резултат на добрата одбрана
    Кошарка

    Ефремовски: Победата над Австрија е резултат на добрата одбрана

    dinoBy dino31/08/2026No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонија со стил ја отвори втората рунда од претквалификациите за Евробаскет 2029. Нашата најдобра машка селекција на гостински терен во Виена ја совлада Австрија со убедливи 91:59, во натпревар во кој од самиот почеток ја презеде контролата и не му дозволи на противникот да се врати во игра.

    Еден од најзаслужните за убедливиот триумф беше Виктор Ефремовски. Младиот македонски репрезентативец одигра одличен натпревар и со својата ефикасност даде значаен придонес во големата победа, со што беше и најефикасен македонски кошаркар на средбата во Виена.

    Но, според Ефремовски, клучот за триумфот не беше индивидуалниот учинок, туку начинот на кој функционираше целиот тим. Македонската репрезентација одигра исклучително добро во одбраната, покажа борбеност и голема енергија, а токму колективниот пристап беше основата за убедливиот резултат.

    „Мислам дека одигравме добар натпревар против Австрија. Најважно беше што одигравме добра одбрана и мислам дека токму тоа беше клучот за натпреварот. Како екипа бевме борбени, си помагавме еден на друг и не им дозволивме лесно да доаѓаат до поени.

    Конечно бевме речиси во полн состав и тоа многу ни значи. Кога сме сите заедно, многу полесно се игра, а особено кога е Нено со нас. Со него многу полесно функционираме и на теренот имаме повеќе опции“, вели Ефремовски.

    Убедливо издание во Виена, според македонскиот репрезентативец, треба да биде само почеток на она што следува. Македонија веќе гледа кон февруарскиот прозорец, во кој ја очекуваат нови важни натпревари против Кипар и Австрија.

    Целта е јасна – освојување на првото место во групата и пласман во квалификациите за Европското првенство.

    „Не очекуваат важни натпревари во февруари против Кипар и повторно против Австрија. Целта ни е јасна – сакаме да завршиме како први во групата и да обезбедиме пласман во квалификациите за Европското првенство. Верувам во оваа екипа и мислам дека имаме квалитет да го направиме тоа.

    Сега најважно е да продолжиме да работиме, да бидеме здрави и што почесто да бидеме во полн состав. Ако ја задржиме оваа енергија и пристап, верувам дека можеме да ги оствариме целите“, порача Ефремовски.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Ефремовски со апел пред вечното дерби: Заедно сме посилни!

    15/11/2026

    Кари ќе мора да паузира две недели

    13/11/2026

    Александар Петровиќ нов тренер на КК Скопје

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.