Ракометната федерација на Македонија обезбеди спортска опрема за сите екипи што ќе настапуваат во Првата лига во машка и женска конкуренција.
Истата на претставниците на клубовите им ја додели првиот човек на федерацијата Александар Стефанов.
-Со оваа поддршка, Ракометната федерација на Македонија продолжува да инвестира во развојот на клубскиот ракомет и создавањето подобри услови за работа и натпреварување“ – објавија на социјалните мрежи од РФМ.

