Откако НБА одреди ригорозна казна за Лос Анџелес Клиперс, првиот човек на клубот, Стив Балмер, најави дека ќе возврати со тужба.
Тоа го потврди неговиот адвокат, Дејвид Кели, кој наговести за серија тужби поврзани со ситуацијата и заштитата на угледот на бизнисменот.
Клиперси би можеле да побараат правна заштита од постапките на НБА кои вклучуваат суспензија на клучни раководители, голема казна од 30 милиони долари и губење на пет пика од драфтот.

