Кошаркарот на Далас, Дерек Лејвли, продолжува со рехабилитација. Тој одигра 43 натпревари во последните две сезони и полека влегува во последната година од договор.
Центарот во декември беше подложен на уште една операција на стапалото и отсуствуваше до крајот на сезоната 2025/26.
Дерек не доби дозвола да учествува во тренинг кампот на тимот кој ќе започне по три дена. Неговиот просек во кариерата е 8,4 поени, 7 скока и 1,5 блокади.

