Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»По долго време, Македонија нема свој кајакар на ЕП во кајак на диви води?
    Домашен микс

    По долго време, Македонија нема свој кајакар на ЕП во кајак на диви води?

    sasoBy saso25/09/2026No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Предстојниот викенд 24 – 26 септември во Ивреа Италија ќе се одржи Европско првенство во кајак слалом на диви води. Македонската репрезентација во кајак слалом е редовен учесник на Европските првенства каде постигнува солидни резултати, но оваа година новото раководство на федерацијата (КФСМ) одлучи Македонија да не учествува на ова Европско првенство, иако Министерството за спорт веќе и додели односно исплати финансиски срества за настап на Европското првенство.

    Образложението на новото раководство на федерацијата е дека првопласираниот во репрезентацијата е повреден, а второ и трето пласираните Кристијан Смилев и Стефан Рибарски не биле доволно квалитетни за настап на Европско првенство, што воопшто не е вистина, обвинува поранешниот Претседател на КФСМ Роберт Папазов.

    Тој во реакцијата потенцира дека новото раководство на КФСМ има свои омилени и неомилени кајакари и кајакарски клубови односно кој за кого гласал при изборот на новото раководство.

    „Дека новото раководство ги дели кајакарите на омилени и неомилени ( може наши и ваши) покажува и неодамна поднесената листа за стипендисти ‘‘Спортска надеж‘‘ каде тројцата најдобри кајакри во спринт на мирна вода нема да добијат стипендии, а ќе добијат четврто, петто и шесто пласираните, што претставува невиден преседан од кога постои оваа програма Спортска надеж. Исто така на неодамна одржаното Европско јуниорско првенство во кајак слалом во Епинал Франција на повеќето ( омилените ) кајакари им беа исплатени трошоците за патување и настап освен на најдобриот јуниор Кристијан Смилев  (единствен кој се пласира во полуфиналето на европското јуниорско првенство) не му беа исплатени трошоците за патување и настап ( бидејќи е неомилен). За ваквото самоволно и дрско однесување на новото раководство на КФСМ решение ќе се бара низ органите на КФСМ или спортските институции но сепак добро е да биде запознаена и спортската јавност бидејќи вака ѓи губиме најдобрите кајакари“, вели Роберт Папазов поранешен Претседател на КФСМ.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.