Македонската ракометна репрезентација е поразена во вториот натпревар на „Трофеј Македонија 2026“ кој се одржува во Охрид. Македонија го загуби натпреварот против Црна Гора со 29:23 во второто коло.

Црна Гора одлично го започна натпреварот и уште на самиот старт дојде до предност од 3 гола (3:6) , а подоцна ја зголемуваше истата до 9:15 на крајот на првиот дел.
Во вторто полувреме Македонија се обиде да ја намали предноста и неколку пати дојде до намалување на резултатот на -4, но не успеа да дојде до целосен приклучот до крајот на мечот.

Во селекцијата на Македонија најефикасна беше, Сара Ристивска со 8 постигнати гола, додека кај Црна Гора најдобари стрелеци беа Ивана Савиќ и Дијана Мугоша со 5 гола.

Утре во 19 часот Македонија за противник ќе ја има Хрватска која денес беше убедлива против Србија со 28:15, додека претходно од 17 часот ќе играат Црна Гора и Србија.

