Кошаркарите на МЗТ Скопје во драматична завршница го совладаа Куманово со 70-68 и го освоија Супер Купот – „Драган Василов – Цевка“.
Во салата во Куманово гледавме атрактивна кошарка во која „штрковите“ беа повешти во последните минути и успеаја да дојдат до првиот сезонски трофеј.
Во победничкиот тим се издвоија Фаракан со 20 и Војдан Стојановски со 16 кошеви додека кај Куманово најдобар беше Стајиќ со 16 и Гуден со 15 кошеви.

