Бади Хил ќе ја продолжи кариерата во Чикаго откако Булси го испратија Роб Дилингем – избран во првата рунда на НБА-драфтот – во Шарлот Хорнетс.
33-годишниот ветеран претходно беше разменет од Атланта во Хорнетс – заедно со бекот Рајан Нембхард и парични средства – во замена за крилото, Доријан Фини-Смит.
Што се однесува до Дилингем, тој во претходната година имаше просек од 9,6 поени, 3 скока и 2,8 асистенции.

