Екипата на Работнички која ќе влезе со големи амбиции во претстојната кошаркарска сезона, објави дека ангажирала нов играч под обрачите.
– КК Работнички АД Скопје го претставува новото засилување, Џаксон Елингсворт. Американски крилен играч, висок 206 сантиметри, доаѓа од Арканзас Стејт и NCAA лигата.
-Во сезоната 2025/26 одигра 32 натпревари и имаше просек од 9,7 поени и 4,8 скока, со 34,7% успешност во шутот за три поени“ – стои во објавата на тимот од Градски парк.

