Тренерот на кошаркарите на Сан Антонио, Мич Џонсон, очекува Виктор Вембањама, да има видна улога во нападот.
„Тој треба да продолжи да ја контролира играта и да влијае на нејзиниот тек. Не само да постигнува поени, туку и да создава простор за соиграчите“ – вели Џонсон.
„Можеби треба да научи да го поврзува тоа во текот на целиот натпревар како што прават најдобрите кошаркари во лигата“ – потенцираше тренерот на Спарси.

