Главниот тренер на Денвер, Дејвид Аделман ги коментираше тврдењата дека Никола Јокиќ нема влијание врз одбраната на тимот.
„Главниот проблем за нас а не за него лично е одбраната од брз напад. Ако не ја забавиме топката, Јокиќ завршува во ранлива позиција.“ – рече Аделман.
„Тој не е специјалист за блокирање на шутеви. Тој не е Руди Гобер но, е многу подобар дефанзивен играч отколку што мислат луѓето“ – заклучи Аделман.

