Поентерот на Далас, Кајри Ирвинг, кој ја пропушти претходната НБА сезона поради повреда, по цели 586 денови се појави на теренот. Тој играше предсезонски натпревар во Кина.
„Дури и пред почетокот бев преплавен од емоции. Многу сум благодарен на тренерот Дасти Меј што подготви посебна акција за мене. Исто така, сум благодарен на моите соиграчи: сите станаа од клупата за да го споделат овој момент со мене“ – рече Ирвинг.
„Поминаа повеќе од 500 дена од мојот последен официјален натпревар. Бев преплавен со емоции што ретко ги покажувам“, рече Ирвинг за официјалната веб-страница на НБА.

