Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски ќе мора да паузира поради сериозна повреда на стомачната мускулатура. Кошаркарот на Наполи ги пропушти последните натпреварувачки обврски на италијанскиот тим, а дополнителните лекарски прегледи ја потврдија сериозноста на повредата.
Од Наполи соопштија дека станува збор за целосно кинење на десниот внатрешен кос стомачен мускул.
„Играчот веќе ја започна програмата за терапија и рехабилитација изготвена од медицинскиот тим. Времетраењето на закрепнувањето ќе се утврди врз основа на развојот на клиничката состојба и неговиот одговор на третманот“, соопштија од италијанскиот клуб.

