Кошаркарот на Мајами, Давион Мичел, ги посочи неговите приоритети во новата сезона во НБА лигата.
„Моја индивидуална цел е да ја освојам наградата за одбранбен играч на годината. Тоа е сè што имам“ – потенцираше играчот на Мајами.
28-годишниот кошаркар се надева дека конечно ќе биде дел и од Ол -Стар мечот на ѕвездите во најсилната светска конкуренција.

