Ракометниот клуб Охрид е прв фаворит за освојување на трофејот во ЕХФ Европскиот куп оваа сезона, според рангирањето што го објави Европската ракометна федерација пред продолжението на натпреварувањето.
Актуелниот освојувач на пехарот се најде на врвот на листата со 64 екипи, пред швајцарскиот Берн и романската Турда. Високо котира и македонскиот претставник Алкалоид, кој е на четвртото место, со што Македонија има два клуба меѓу четирите главни кандидати за европскиот трофеј.
Третиот македонски претставник, Бутел Скопје, е на 39. место.

